• четврток, 03 октомври 2024

Кимих: Баерн направи премногу грешки на натпреварот против Астон вила

Кимих: Баерн направи премногу грешки на натпреварот против Астон вила

Бирмингем, 3 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Џошуа Кимих ги наведе причините за поразот од Астон вила (0:1) во натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите.

- Не одигравме најдобро. Направивме премногу грешки. Но, и со таква игра имавме шанси, иако малку. Не е лесно да се создаваат шанси против тимови кои играат толку длабоко во одбрана. Но, во првото полувреме добра шанса имаше Гнабри, а на крајот Кејн. Дефинитивно имаше ситуации на овој натпревар кои можеа да доведат до постигнување голови, изјави Кимих за сајтот на УЕФА.

Баерн Минехн со три освоени бода се наоѓа на 15. место во поредокот на Лигата на шампионите.

Во следното коло, Баварците на 23 октомври ќе и гостуваат на Барселона. зс/

Фото: Фејсбук

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан