• недела, 22 декември 2024

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

„Реплек“ на саемот на фармација CPHI – зајакнување на извозните позиции и освојување нови пазари

Скопје, 10 октомври 2024

Голем интерес за портфолиото на „Реплек“ на CPHI саемот за фармација, кој годинава се одржува во Милано, Италија, под мотото „Во срцето на фармацијата“. Компанијата го презентира своето фармацевтско портфолио и производите од канабис, за кои има значителен интерес. Во рамките на Саемот беа остварени низа средби со партнери од повеќе глобални пазари и има голем потенцијал за соработка, отворање на нови пазари и зајакнување на постојните позиции. Најголем интерес и потенцијал за соработка има со компании партнери од земјите на ЕУ, Јужна Америка и Азија, а од производите во фокусот на интересот се: Парафен, Неуровит, Адолор, Оралсепт, Вентор гел, Ремиг и производите на HealthAid.

„Реплек“ е извозно ориентирана компанија која околу 82% од портфолиото го пласира на пазарите на повеќе од 20 земји во Европската Унија, Централна и Југоисточна Азија, како и регионот Адрија. Дел од производите на компанијата на некои од пазарите се едни од најпродаваните, што е директна потврда за високиот квалитет и конкурентноста, во услови на силна глобална конкуренција.

„Зајакнување на партнерствата и склучување на нови, кои ќе ни отворат можност за ширење на пазари каде досега не сме биле присутни, е од големо значење за нас и претставува наша стратешка цел. „Реплек“ е компанија која има јасна цел да расте и да ги покаже своите потенцијали, што ќе биде значајно и за компанијата, но и за националната економија. Промените што ги правиме даваат резултат, а нашите производи веќе си го заземаат своето место на пазарите. Докажавме дека сме конкуренти, а интересот од партнерите е само потврда дека „Реплек“ ги исцртува своите позиции на глобалната фармацевтска мапа“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Годинава саемот за фармација CPHI кој постои 35 години има огромна посетеност. Овој Саем претставува централен настан кој ги обединува најголемите фармацевтски компании во светот, а секоја година се одржува на различна локација. Компаниите од целиот свет имаат можност за промоција на своето портфолио, јакнење на партнерствата и подобрување на конкурентноста на своите производи, согласно светските трендови. Годинава настанот има над 65.000 посетители, над 2.400 изложувачи од преку 188 земји и над 180 топ експерти од областа на фармацијата кои одржуваат свои предавања за унапредување на квалитетот на производите и употреба на нови технологии.

Во насока на брза имплементација и зајакнување на пазарните позиции и проширување на странски пазари на компанијата, „Реплек“ континуирано вложува во модернизација и развој, подобрувајќи ја својата конкурентност.

 „Реплек“ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: „Реплек“ 

 

 

 

Остани поврзан