Реновирање во ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес
- Почетокот на новата учебна година учениците и наставниците во електро-машинското ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес ја започнаа во комплетно реновирани три ката од стариот дел на училиштето,ход
Велес, 3 септември 2021 (МИА) - Почетокот на новата учебна година учениците и наставниците во електро-машинското ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес ја започнаа во комплетно реновирани три ката од стариот дел на училиштето, ходниците и скалите. Реновирани се 12 училишни кабинети информира за МИА, директорката Весна Стојанова Богоевска.
Секој кабинет е опремен со лцд проектор и смарт табла или телевизор.
-На овој начин ќе се обезбеди поквалитетен образовен процес и зголемување на интересот за нови знаења, потенцира Стојанова Богоевска.
Воедно во училиштето е заменето старото неефикасно со ново лед енергетски штедливо осветлување.Во моментот привршуваат градежните работи на уредување на училишниот двор.
Реновирањето во училиштето како што информира директорката Стојанова Богоевска е овозможено од финансиски средства кои на училиштето му останале од блок дотации што училиштето ги добива од МОН и Општина Велес. ад/свс/