• петок, 22 ноември 2024

Рекорден раст на цените на станбените објекти во САД во последните 15 години 

Рекорден раст на цените на станбените објекти во САД во последните 15 години 

Вашингтон, 25 мај 2021 (МИА) - Цените на станбените објекти во САД, според резултатите од март, покажаа максимална вредност, повисока дури и од 2005 година, се дознава од индексот Кејс-Шилер на S&P Global и Dow Jones (CoreLogic Case-Shiller Indices), главна мерка за цените на американската станбена недвижност. 

Цените на станбените објекти пораснале за 13.2 отсто споредбено со март 2020 година или ја надминале максимално постигнатата вредност од декември 2005 година, се вели во денешното соопштение на S&P Global.   

Аналитичарите на пазарот забележале поскапување во сите региони на САД. Растот на цените, исто така, бил значителен и претходниот месец, односно 12 отсто.  

Индексот на цените на станбените површини во 10-те најголеми градови во САД (10-City Composite) во март бил 12.8 отсто, а во 20-те најголеми градови (20-City Composite) бил 13.4 отсто. Авторите сметаат дека во март најмногу поскапеле станбените површини во Феникс, сојузна држава Аризона, и тоа за 20 отсто, потоа во Сан Диего, Калифорнија, за 19.1 отсто и во Сиетл, Вашингтон, за 18.3 отсто. 

Крег Лазара, директор за индексна инвестициска стратегија на S&P Dow Jones Indices изјави дека ростот на цените на станбените објекти во САД продолжува да се забрзува веќе десет месеци по ред. 

-Податоците што го поседуваме одговараат на оценките за тоа дека Ковид-19 ги поттикна потенцијалните купувачи побрзо да заминат од градските станови во приградските домови, вели тој. 

Додава дека „растот на побарувачка може да биде поттикнат од оние купувачи кои само го забрзале процесот да купат дом, а купувањето секако би било извршено, но во следните неколку години“. 

-Од друга страна, можеме да бидеме сведоци на промени во потрошувачките навики, а тоа ќе придонесе кон мешана побарувачка на разни типови станбени објекти. Но, за подетална анализа и објаснување на тоа што се случува, потребно е подолготрајно набљудување на пазарот, изјави Лазара. бк/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан