Рекорден број жени се избрани во Долниот дом по парламентарните избори во Велика Британија
- Рекорден број жени се избрани во Долниот дом по парламентарните избори во Велика Британија, јави ДПА.
Лондон, 5 јули 2024 (МИА) - Рекорден број жени се избрани во Долниот дом по парламентарните избори во Велика Британија, јави ДПА.
Според податоците од утрината, 261 жена се избрани за пратеници, што претставува 40 отсто од вкупниот број пратенички мандати. Нивниот број може да се зголеми како што продолжува пребројувањето на изборните резултати.
Претходниот рекорд беше поставен во 2019 година, кога бројот на жени во Долниот дом изнесуваше вкупно 220.
Вчерашните избори беа шести по ред на кои се зголеми бројот на жени во Парламентот. рп/
Фото: МИА архива