Реконструкција на улици во Дељадровци
- Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура - изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта почна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.
Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура - изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта почна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.
Увид на почетокот на работните активности на терен денеска изврши градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој информира дека овие улици целосно се реконструираат, а потоа ќе следи и асфалтирање.
-На овој начин на граѓаните од овој дел на населеното место Дељадровци ќе им се подобри патната инфраструктура, како и квалитетот на живот, потенцира Георгиевски..
Тој најави дека по завршување на улиците во Дељадровци, работните активности за реконструкција на улици ќе продолжат во населеното место Текија.
Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. ад/мд/
Фото: Општина Илинден