• понеделник, 23 декември 2024

Реконструирано игралиште за баскет во Кадино

Реконструирано игралиште за баскет во Кадино

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Реконструираното игралиште за баскет во населено место Кадино, денеска беше пуштено во употреба, се наведува во соопштението на Општина Илинден.

- Со засилено темпо, Општина Илинден работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. На ова игралиште за баскет извршено е обележување на теренот, нов кош, санирана е бетонската трибина, заштитната ограда, клупите за седење и поставено е целосно ново лед-осветлување, пишува во соопштението.

Според градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од Кадино добиле комплетно нов уреден спортски терен, со цел спортистите, но и младите, да имаат модерно место, каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Уличната кошарка претставува вид традиција и урбана култура во општина Илинден, пишува во соопштението, а со изградбата на спортските игралишта, како што подвлекува Георгиевски, локалната самоуправа уште еднаш ја покажува поддршката во спортот.

- Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места, се додава во соопштението на локалната самоуправа. бд/нд/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан