• среда, 26 јуни 2024

Ред Бул не се квалификуваше во третиот квалификациски сегмент за прв пат по руското Гран при во 2018 година

Ред Бул не се квалификуваше во третиот квалификациски сегмент за прв пат по руското Гран при во 2018 година

Сингапур, 16 септември 2023 (МИА) - Ред Бул одржа историски квалификации за Големата награда на Сингапур. Макс Верстапен го зазеде 11. место, неговиот тимски колега Серхио Перез беше 13-ти.

 

Екипата на Милтон Кејнс не успеа да се квалификува во последниот дел од квалификациите за прв пат по Големата награда на Русија во 2018 година. 

 

На овој начин е прекината серијата од 102 етапи во кои најмалку еден болид на Ред Бул се натпреваруваше во третиот сегмент.

 

За Верстапен неуспехот беше прв по трката за ГН на Саудиска Арабија, кога Холанѓанецот не влезе во топ 10 во квалификациите поради технички проблеми. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан