• понеделник, 23 декември 2024

Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година

Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година

Лондон, 17 април 2024 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, очигледно ќе го задржи местото во тимот, но само една сезона, пренесува „It.motorsport.com.“

Шампионот во Формула 1 размислува за едногодишен договор со Чеко. Потоа, Ред Бул е подготвен да му даде втора шанса на Алекс Албон, но тој е под договор со Вилијамс до крајот на сезоната 2025 година. Раскинувањето на договорот би било финансиски тешко, ако не и невозможно за Ред Бул.

Италијанските медиуми наведуваат веројатно сценарио: Ред Бул ќе го задржи Перез следната година, а Албон ќе му стане тимски колега на Макс Верстапен во 2026 година. Алекс веќе играше за Ред Бул во 2019-2020 година, по што беше заменет со Серхио.

Се известува дека Чеко во сегашната форма ги исполнува задачите што му беа доделени на стартот од сезоната. Шансите на Мексиканецот да ја одработи својата петта сезона со Ред Бул доколку го задржи ова ниво до крајот на мај се многу големи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан