• петок, 22 ноември 2024

Регионална либерална конференција „Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“

Регионална либерална конференција „Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Регионална либерална конференција „QVO VADIS EVROPA 2022?  - Поттикнување на проширувањето и интеграцијата на ЕУ“ организира денеска Либерално-демократската партија пред одржувањето на партискиот конгрес. Конференцијата ќе ја отворат претседателот на ЛДП Горан Милевски и европратеникот, копретседател на партијата АЛДЕ Илхан Ќучук. Модератор на настанот е Емил Кирјас, потпретседател на Либерална Интернационала. На првиот панел на ЕЛФ „Одржување на новиот импулс во проширувањето на ЕУ“ ќе говорат претседателот на Либералната мрежа на Југоисточна Европа и поранешен министер за одбрана на Словенија, Роман Јакиќ, поранешната пратеничка на Комисијата за европски прашања, потпретседателка на ЛДП, Јулиана Николова, пратеничката од Косово Елиза Хоџа и членка на Комитетот за образование, наука, култура, млади и спорт и Анастасиос Несторас од Грција, извршен директор на ЕЛФ.Претставници ќе има и од раководството од Наша странка од Босна и Херцеговина, ЛПЦГ од Црна Гора, ПСГ од Србија.Во вториот панел на АЛДЕ „Иднината на европската интеграција – што, кога, како?“ ќе говорат европратеникот и копретседател на партијата АЛДЕ, Илхан Ќучук, пратеничката и членка на Комисијата за надворешни работи во Франција Лилијана Танги, пратеникот Јулијан Булаи од Романија, претседател на ALDE-PSSE, а ќе ја затвори пратеничката и членка на Комисијата за прашања на ЕУ, како и потпретседателка на ЛДП Моника Зајкова. ЛДП го организира настанот со поддршка на ЕЛФ и АЛДЕ. Може да се следи и онлајн на фејсбук-страницата на ЛДП: https://www.facebook.com/LDPMakedonija/ хс/са/

Остани поврзан