• понеделник, 23 декември 2024

Регионална конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“

Регионална конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“

Скопје, 14 октомври 2023 (МИА) - „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи“ е насловена денешната регионална конференција, што ќе се одржи во Скопје, во организација на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

Како што е најавено од организаторите, на почетокот на конференцијата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

Во текот на конференцијата, најавено е и обраќање од претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На конференцијата ќе се обратат и поранешни претседатели и премиери на
земјите од регионот, како и претставници на организации кои ги претставуваат
младите во процесот на евроинтеграциите.

Конференцијата во Скопје е дел од циклусот настани поврзани со мирот и
безбедноста во Западен Балкан одржани во последните две години во
соработка на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација. цр/аа/

Фото: принтскрин

Остани поврзан