• вторник, 27 август 2024

Ребиќ потпиша за Лече

Ребиќ потпиша за Лече

Лече, 27 август 2024 (МИА) - Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ потпиша договор со Лече, објави официјалниот сајт на клубот.

Условите од договорот со 30-годишниот Хрват не се објавени. 

Ребиќ се приклучи на италијанскиот тим како слободен играч.

Претходно, Хрватот настапуваше за Бешикташ.

Минатата сезона Ребиќ одигра 23 натпревари на кои постигна гол и исто толку асистенции. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан