• среда, 17 јули 2024

Реал сака да го добие Де Лихт претстојното лето

Реал сака да го добие Де Лихт претстојното лето
Мадрид, 19 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Метју де Лихт се најде во интересите на Реал Мадрид, објави „Ел Мундо Депортиво“. Клубот на Мадрид планира да ја зајакне одбранбената линија во текот на летото и се обидува да се стекне со холандскиот дефанзивец. Клупското раководство го гледа 20-годишниот играч како потенцијална замена за Серхио Рамос и наследник на Рафаел Варан. Де Лихт му се придружи на Јувентус минатото лето од Ајакс за 85 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот настапи на 27 натпревари за „бјанконерите“, постигнувајќи два гола. зс/

Остани поврзан