• понеделник, 23 декември 2024

Реал нема да им дозволи на своите играчи настап на Игрите во Париз

Реал нема да им дозволи на своите играчи настап на Игрите во Париз

 

Мадрид, 15 март 2024 (МИА) – Реал Мадрид известил неколку фудбалски федерации, вклучувајќи ја и француската, дека нема да им дозволи на своите играчи да бидат дел од Олимписките игри ова лето во Париз, што дополнително го компромитира евентуалниот настап на Килијан Мбапе за кого се очекува на крајот на оваа сезона да му се приклучи на Кралскиот клуб.

„Реал испрати писмо до сите федерации, вклучувајќи ја и ФФФ, за да им каже дека нема да ги пушти своите играчи на Олимписките игри“, објави денеска весникот „Л’Екип“.

Францускиот капитен Мбапе во неколку наврати јасно стави на знаење дека сака да настапи на Игрите во Париз, но бидејќи натпреварувањето не е во организација на ФИФА, клубовите не се обврзани да им дозволат настап на своите фудбалери.

Тренерот на француската олимписка репрезентација Тјери Анри објасни од своја страна дека одлуката дали Мбапе ќе добие повик во националниот тим „е во рацете на клубот, а не на играчот“. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан