• среда, 18 декември 2024

Реал Мадрид тужи навивачи на Атлетико и Барселона поради расизам

Реал Мадрид тужи навивачи на Атлетико и Барселона поради расизам

 

Мадрид, 15 март 2024 (МИА) – Фудбалскиот клуб Реал Мадрид поднесе денеска тужба до шпанското обвинителство по наводните расистичките скандирања на навивачи на мадридски Атлетико и Барселона упатени кон фудбалерот на Кралскиот клуб, Винисиус.

Бразилскиот фудбалер вчера ја повика УЕФА да го казни Атлетико поради наводно расистичко скандирање пред дуелот на оваа екипа против Интер во Лигата на шампиони.

Од видео објавено на социјалните мрежи може да се извлече заклучок дека навивачи на Атлетико пред стадионот „Метрополитано‘ во Мадрид скандираат расистички навреди кон Винисиус.

Реал соопшти тужбата е поднесена поради расистички навреди кон Винисиус во близина на стадионот „Метрополитано‘ во Мадрид и Олимпискиот стадион „Монжуик“ во Барселона пред натпреварите на Барселона и на Атлетико претходно оваа недела во Лигата на шампиони.

„Реал Мадрид ги повикува обвинителите да ги побараат видеоснимките достапни од двете локации за да ги идентификуваат сторителите. Реал Мадрид ги осудува овие напади на расизам, дискриминација и омраза против нашиот играл Винисиус, кој, за жал, веќе извесно време постојано е на удар“, се наведува во клупското сооптение. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан