• четврток, 04 јули 2024

Реализација на проектот „За модерно Скопје“ во општина Аеродром

Реализација на проектот „За модерно Скопје“ во општина Аеродром

Скопје, 22 јуни 2023 ( МИА) – Град Скопје информира дека во Општина Аеродром го реконструира булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.

-Паралелно со реализација на овој проект за жителите од овој дел, градот подигнува нова паркова површина на 27.000 метри квадратни со соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување. Оваа паркова површина под надлежност на Град Скопје на 27.000 метри квадратни е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектите ветени во програмата „ За модерно Скопје“, се наведува во соопштението од Град Скопје. љм/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан