Реакција од СДСМ на изјавата на Мицкоски за Бугарија
- Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и пре
Скопје, 9 април 2022
Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес.
Иако и беше јавно понудено опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски не прифати учество во работните групи.
Фактите се познати на јавноста, туширања и фалсификувања се одлика на неговата ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој 11 години фалсификуваше историски факти, наметнуваше антички корења, носеше Хунзи и го поткопуваше македонскиот национален идентитет.
Дури и волјата на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификуваше.
Срамно и крајно неодговорно е ова однесување на Христијан Мицкоски кој само бара начини да ги поткопа државните позиции.
Очигледно Мицкоски ревносно ги исполнува насоките и задачите од Никола Груевски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.