• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СПМ на интервјуто на претседателот Пендаровски

Реакција на СПМ на интервјуто на претседателот Пендаровски

Скопје, 4 јуни 2023

Кога претседател на држава предлага кршење на Устав и кога потпишува Укази за закони кои се против Уставот неможе ништо повеќе да се очекува од таа личност.

Пендаровски во последното интервју самиот се деградира со изјави кои се недолични предлагајќи да се влезе во процедура за измени на Устав и без двотретинско монзинство.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека тој е уценет и дека не работи во согласност со закон, туку според барањата од други, за што во јавноста остава негативен впечаток со нискиот капацитет и иразеното неснаоѓање во извршување на највисоката функција. Очигледни се неговите обиди да се наметне политика на подреденост и потчинетост кон други држави. 

Наместо да обединува тој поттикнува подделби и кавги со лицемерно етикетирање на опозициските пратеници дека се против ЕУ, при тоа отворено работејќи за интересите на челниците на СДС и ДУИ во очекување на уште еден мандат.

Кога Пендаровски појаснува дека Указите на 5-те донесени закони што ги потпишал не се однесуваат на Договорот за изградба на автопатишта тогаш секому му станува јасно. Тој невешто се обидува да ги манипулира сите во Македонија дека споменатите закони се сами за себе, а не се наменски и со кои се урива постојниот правен систем на државата. Пендаровски се однесува како да е привремено во државава, земјќи си право на сите да им пласира своја вистина која е различна од реалната, а која сите граѓани многу добро ја знаат.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека со ваквите настапи Пендаровски самиот ја дерогира функцијата што ја извршува, а незадоволството кај народот е толку големо што се изрзува преку неговиот најнизок рејтинг што е недостоен за државата.

Изборите кои следат треба им овозможат на граѓаните да ги заменат овие нереални ликови и да изберат вистински македонски ориентирани поединци кои знаат како да ја водат државата и нацијата, штитејќи ги интересите и внимавајќи на државното достоинство, на македонскиот народ и сите граѓани.

Социјалистичка партија на Македонија

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан