• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО – ДПМНЕ на прес-конфренцијата на Дарко Каевски

Реакција на ВМРО – ДПМНЕ на прес-конфренцијата на Дарко Каевски
Скопје, 27 ноември 2022 Буџетот за 2023 не само што е рекордно најголем, туку во исто време е и инфлаторен и неразвоен. Ова само потврдува дека оваа власт на СДС и ДУИ е генератор на кризи и наместо да ги решава уште повеќе ги продлабочува. Заради нивните лоши економски политики, комбинирани со криминалот и корупцијата, доведоа до ситуација Македонија да се наоѓа во економски и социјален колапс. Стандардот на граѓаните е уништен, затоа што инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Македонија со Ковачевски има една од највисоките стапки на инфлација од 20%. Македонија со Ковачевски е во топ 10 земји во светот според инфлацијата на цените на прехранбените произвди. Македонија со Ковачевски има убедливо најниска прогноза за раст на БДП во Европа, а единствено полоши од нас се само Русија и Украина кои се во војна. Македонија со Ковачевски е на дното по прилив на странски инвестиции во целиот регион. Во Македонија за година и пол се затворени над 12 илјади компании, а уште толку едвај врзуваат крај со крај бидејќи плаќаат најскапа струја во споредба со останатите држави од опкружувањето. Македонија со Ковачевски достигна долг од 8,5 милијарди евра. Новиот буџет за 2023 година кој го скроила власта тежи 5,3 милијарди евра предвидува буџетски дефицит од 700 милиони евра, што е најава и за нови задолжувања и економска катастрофа. Резултати од рекордните буџети и задолжувања од владите на СДС нема. Реализацијата на капиталните инвестиции едвај надминува 50 % иако постојано се кратат. Нема нови автопати, болници, училишта, детски градинки... Парите на народот завршуваат во дупка, или поточно во криминалните тендери и длабоките џебови на нивните функционери.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан