• вторник, 05 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Богданка Кузеска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес - конференцијата на Богданка Кузеска

Скопје, 12 декември 2023

Изминативе 7 години со СДС и ДУИ сите земји од Албанија до Босна ја поминаа Македонија имаа двојно поголем раст на економиите.

Од 2017 до 2023 година, Босна и Херцеговина има 42% раст на БДП по глава на жител, Србија 50%, Бугарија 64%, Албанија 52%, а Македонија само 20%.

Бројките се немилосрдни за оваа власт, а тие покажуваат дека нема економија во регионот која нема два пати поголем раст од Македонија.

Заради СДС и ДУИ Македонија е на дното на регионот.

Мерките со кои што се фали СДС, а всушност прави поткуп пред избори не ја подобруваат состојбата во државата, напротив.

Со илјада денари за месец или два ниту пензионерите, ниту студентите, ниту учениците ќе живеат подобро.

Народот не е со кратко паметење.

Со Ковачевски секој ден е се полош. Оваа влада на СДС и ДУИ нема капацитет да ја придвижи Македонија напред.

 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан