• петок, 22 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Ковачевски за Сител

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Ковачевски за Сител

21 април 2023

Интервјуто на Ковачевски е показна вежба како изгледаат лагите на власта.

Прво Ковачевски по објавените сомнежи за криминал упатуваше на тоа одговори за договорот да се побараат во американските власти, а СДС го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против САД. Амбасадата на САД јавно се огради од договорот со Бехтел и Енка и прстот го посочи кон Ковачевски, добивајќи ладен туш, што е јасно дека Ковачевски манипулирал.

Втората лага беше тврдењето на Ковачевски дека: "најмалку 51% од работниците ќе бидат ангажирани од Македонија". Откако ВМРО-ДПМНЕ објави документ каде јасно се гледа дека дури 70% од работниците ќе бидат странци, стана јасно дека Ковачевски повторно лажел и денес ретерира велејќи дека не мислел на бројот на работници, туку на компаниите. Што е уште една небулоза и лага.

Третата лага е новата инвестиција со која се фали Ковачевски. Јагео е присутна во Македонија преку Кемет електроникс, фирма ќерка која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е нова инвестиција, туку проширување. Добро е што ќе се отворат нови работни места, но е жално што СДС по 6 годони власт уште нема нови инвестиции.

Четврта лага е дека договорот за Бехтел и Енка е тајна. Тој не смее да е тајна, но владата намерно не го објавува и го крие за да се сокрие криминалот.

Петта манипулација е што Ковачевски одбегнува да одговори зошто прифатил да плати дебели пенали и трошоци на Бехтел и Енка, а за возрат да ја зголеми работната недела. Зошто прифатил во земја со континентално право да се суспендира правниот систем и да важи англосаксонското право, како и да даде одговор зошто прифатил експропријацијата на легални објекти и дивоградби да биде по иста цена, и зошто за сите грешки при проектирањето на Бехтел и Енка трошоците ќе ги сноси државата?

Од историска градба Ковачевски и Груби направија историска кражба од Коридорот 8, најмалку 5 лаги на Ковачевски во најновото инѕервју.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан