• недела, 22 декември 2024

Рбјаков: Русија не гледа основи за разговори со САД за контрола на вооружувањето

Рбјаков: Русија не гледа основи за разговори со САД за контрола на вооружувањето

Москва, 9 ноември 2024 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи во овој момент не гледа основа за разговори за продолжување на дијалогот со САД за стратешка стабилност и контрола на вооружувањето, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рбјаков.

Според Рјабков, Москва и Вашингтон „разменуваат сигнали за Украина“ преку затворени канали на воено и политичко ниво, пренесоа руските меидуми.

Тој додаде дека Русија е подготвена да ги слушне предлозите на новиот американски претседател Доналд Трамп за решението на кризата во Украина, но посочи дека едноставно решение нема.

-Ние сме исклучително темелни, одговорни и внимателни кон сите идеи што ќе ги предлат земјите во оваа област, ​​рече Рјабков.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот му честиташе на Трамп за победата на американските избори, пофалувајќи го за неговата храброст откако вооружен маж се обиде да го убие во јули и рече дека Москва е подготвена за дијалог со него. Путин додаде дека изјавите на Трамп за обидите да се стави крај на војната се вредни за внимание.

Трамп за Ен-Би-Си изјави дека по изборната победа не разговарал со Путин, но дека „мисли дека ќе разговара“.

Рјабков рече дека прекин на дипломатските односи со САД се уште е можен доколку се запленат руските замрзнати средства или доколку Вашингтон ги ескалира тензиите околу Украина.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан