Рајо Ваљекано остана без тренер
- Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано му врачи отказ на тренерот Франциско Родригез поради незадоволителни резултати.
Мадрид, 14 февруари 2024 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано му врачи отказ на тренерот Франциско Родригез поради незадоволителни резултати.
Четириесет и петгодишниот Шпанец во јули го презеде тимот од мадридското предградие Ваљекас, предводејќи ги „пчелите“ на 27 натпревари во сите натпреварувања во кои остварија осум победи, девет нерешени и десет порази.
Рајо Ваљекано моментално се наоѓа на 14. место на табелата во Ла Лига со 24 освоени бода. Тимот е на седум бода од зоната за испаѓање откако освои само еден бод во последните пет натпревари.
Прв голман на Рајо Ваљекано е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. зс/
Фото: ЕПА