• понеделник, 23 декември 2024

Рајковиќ добива НБА-засилување

Рајковиќ добива НБА-засилување

Москва, 29 јануари 2024 (МИА) – Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА чиј тренер е Македонецот Емил Рајковиќ, го засили својот ростер со поранешниот НБА играч Вил Бартон.

Американецот потпиша договор со московскиот клуб до крајот на оваа сезона. Договорот ќе стапи на сила откако 33-годишниот кошаркар ќе ги мине лекарските прегледи во Москва.

Ова ќе биде прво искуство за Бартон да настапува надвор од САД. Четириесеттиот избор на драфтот на НБА во 2012 година има 11 сезони во лигата со Портланд, Денвер, Вашингтон и Торонто.

Бартон одигра 679 натпревари во НБА со просек од 11,2 поени, 4,1 скока и 2,7 асистенции.

Во 2016 година, Бартон се натпреваруваше на натпреварот за забивање Ол-стар викенд во НБА.

По завршувањето на минатата сезона со Торонто, кошаркарот остана во статус на слободен играч и ја одржуваше формата со редовни индивидуални тренинзи. зс/

Фото: Фејсбук ЦСКА

Остани поврзан