• понеделник, 23 декември 2024

Рајковиќ: Димитријевиќ беше незапирлив

Рајковиќ: Димитријевиќ беше незапирлив

Москва, 6 март 2024 (МИА) - Тренерот на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ, го пофали сонародникот и македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој го предводеше УНИКС до триумф во вчерашното дерби во ВТБ-лигата.

ЦСКА загуби со 78:84 и го претрпе четвртиот пораз во низа од тимот од Казан.

- Честитки до УНИКС и особено до Димитријевиќ, кој беше незапирлив денеска. Користевме различни типови на одбрана, различно браневме пик-ен-рол, се обидувавме да удвоиме, но секој пат тој брзо наоѓаше продолжение на нападот и играше ефективно еден на еден. Имавме моменти кога имавме водство и го контролиравме натпреварот. Но, во клучните моменти УНИКС и особено Димитријевиќ играа подобро. Мора да најдеме начин да дејствуваме построго и поконцентрирано. Дополнително, постојано пропуштаме можности за лесни шутеви, тоа не чини многу“, изјави македонскиот тренерот.

Димитријевиќ постигна 38 поени на оваа средба, со што го обнови неговиот рекорд во кариерата.

Во моментов ЦСКА со 22 победи и седум порази е на второто место во групата А. Клубот од Казан е лидер со 23 победи и шест порази. зс/

Фото: ВТБ

Остани поврзан