• понеделник, 23 декември 2024

„Рајанер“ воведува летови од Брисел до Сараево и Дубровник 

„Рајанер“ воведува летови од Брисел до Сараево и Дубровник 

Брисел, 1 декември 2023 (МИА) – Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ најави дека од април 2024 година ќе воведе нови линии од аеродромот „Брисел-Шарлроа“ до Сараево и Дубровник. 

Авионите на релациите од Брисел до престолнината на БиХ и до хрватскиот јадрански град ќе летаат четири пати неделно. 

- Среќни сме што на нашите клиенти од Брисел им пружаме уште поголем избор со воведувањето на овие нови линии до Дубровник и Сараево во нашиот распоред за летото 2024 година, нудејќи им зголемени можности за планирањето на нивните летни одмори, изјави раководителот на Одделот за комуникации на „Рајанер“, Џејд Кирван. 

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, со ова „Рајанер“ продолжува да овозможува авиоповрзување по пониски цени на патниците од и до Белгија. 

На релација од аеродромот „Брисел-Шарлроа“ до Скопје и обратно, лета унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан