• петок, 22 ноември 2024

Рашфорд може да го изгуби местото во репрезентацијата, Саутгејт не е убеден во формата на напаѓачот

Рашфорд може да го изгуби местото во репрезентацијата, Саутгејт не е убеден во формата на напаѓачот

Лондон, 28 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд се соочува со губење на репрезентативниот статус во англискиот национален тим.

Напаѓачот можеби нема да оди на Европското првенство 2024.

Според „The ​​Telegraph“, селекторот на Англија, Герет Саутгејт не е импресиониран од перформансите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед и не може да гарантира негово вклучување во тимот за претстојното Европското првенство. За да има шанса за место во составот, Рашфорд ќе треба да демонстрира добра форма во преостанатите натпревари од сезоната.

Според сегашните правила, само 23 играчи можат да бидат вклучени во пријавата на националниот тим за ЕП 2024, но голем број тренери инсистираат на проширување на квотата на 26 играчи.

На два меча со Англија во март, Рашфорд мина 15 минути на теренот, влегувајќи како замена на натпреварот против Бразил (0:1). Оваа сезона напаѓачот постигна седум гола и две асистенции во 27 натпревари во Премиер лигата за Манчестер јунајтед.

Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули. Англија е во група со Словенија, Данска и Србија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан