• недела, 18 јануари 2026

Расчистена голема дива депонија помеѓу Ростуше и Велебрдо,  од општината со апел за одговорно однесување

Расчистена голема дива депонија помеѓу Ростуше и Велебрдо,  од општината со апел за одговорно однесување

Дебар, 17 јануари 2026 (МИА) - Спроведена е акција за чистење на дива депонија помеѓу населените места Ростуше и Велебрдо од каде е отстранета голела количина отпад. 

- Општина Маврово и Ростуше продолжи со активностите за одржување на јавната хигиена и заштита на животната средина. По насока на градоначалникот, Онер Јакупоски, општинските служби спроведоа акција за чистење на големата дива депонија лоцирана помеѓу населените места Ростуше и Велебрдо, информираа попладнево од општината.

Додаваат дека со оваа акција е отстранета голема количина отпад, што го  нарушуваше изгледот на регионот и претставуваше потенцијален извор на загадување.

Истовремено, Општината упатува апел до сите граѓани за строго почитување на правилата за одлагање отпад. 

- Сметот и градежниот шут мора да се депонираат само на локациите кои се официјално пропишани со одлука на Советот на Општината.  Секое несоодветно фрлање отпад на јавни површини директно влијае врз квалитетот на животот на сите жители. Да ја чуваме нашата природа, бидејќи тоа е наш заеднички дом, порачуваат од Општина Маврово и Ростуше. вт/лв/


Фото: Општина Маврово и Ростуше

Остани поврзан