• недела, 07 јули 2024

Расте бројот на случаи на чума во Конго

Расте бројот на случаи на чума во Конго
Киншаса, 2 февруари 2020 (МИА) - Конго бележи зголемување на случаите на чума, додека истовремено се бори против Ковид-19 и ебола. Најмалку 65 случаи на чума се пријавени во земјата од јуни, вклучително и најмалку 10 смртни случаи во источната провинција Итури. Иако чумата е ендемска во провинцијата Итури, бројот на случаи се зголемува и веќе го надмина вкупниот број од 2019 година, кога имаше 48 случаи и осум смртни случаи, според Светската здравствена организација. Се смета дека новата епидемија на чума започна во јуни кога 12-годишно девојче почина со симптоми поврзани со чума - главоболки, кашлање, зголемени лимфни јазли и треска. Неколку смртни случаи подоцна беа пријавени во областа со симптоми на чума. Чумата е претежно ендемска во Конго, Перу и Мадагаскар, кои во 2017 година забележале повеќе од 2.300 случаи и 202 смртни случаи, според СЗО. паг/  

Остани поврзан