• петок, 05 декември 2025

Расел ќе тргне од пол-позицијата на ГН на Канада

Расел ќе тргне од пол-позицијата на ГН на Канада

Монтреал, 15 јуни 2025 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари најдобро време во квалификациите за Гран при на Канада. Тој со време од 1 минута 10,899 секунди извози најбрз круг и стигна до пол-позицијата.

Второ најдобро време имаше пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен (+0,160 секунди). Третото место го освои Оскар Пјастри од Мекларен (+0,221).

Меѓу првите пет се и возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели (+0,492) и возачот на Ферари, Луис Хамилтон (+0,627).

Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Канада ќе се вози вечер од 20 часот на патеката „Жил-Вилнев“ во Монтреал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан