• недела, 22 декември 2024

Рама: Ќе изградиме антикорупциска мрежа во целата јавна служба

Рама: Ќе изградиме антикорупциска мрежа во целата јавна служба
Тирана, 15 јули 2021 (МИА) - По серијата апсења за корупција во општините и други државни институции во земјата, албанскиот премиер Еди Рама најави „изградба на антикорупциска мрежа во целата јавна служба“. Тој додаде дека ќе има поединци кои ќе бидат сместени во секоја јавна институција и ќе имаат единствена должност да предупредат на какво било коруптивно дело и да го одвојат „влажното од сувото“, како што дообјасни, корумпираните од оние што чесно работат. - Ние сме во процес на изградба на антикорупциска мрежа низ целиот наш јавен систем. Ова ќе биде само од наша страна, а не од правосудните органи. Ова е причината што дури и во болниците ќе се прошириме до крај, како и во сите институции, мрежата на поединци кои ќе бидат тука само за оваа работа, да придонесат за одвојување на влажното од сувото. Ова е единствениот начин да се зголемат приходите, благодарноста, достоинството и почитта, порача Рама пред здравствениот персонал на гинеколошка клинка „Кралица Гералдина“ во Тирана. Откако рече дека визијата за претворање на здравството во репер за целиот регион се движи во вистинската насока, тој се задржа на барањата на неколку лекари да се легализира митото во здравството. - Тоа е навистина импресивно, од нивото на храброст и од дрскоста на предлогот. Платата на лекарите треба да се зголеми и ние ќе ја зголемуваме како што го правевме и претходните години. Тоа не е изборно ветување, туку планирана заложба платите на белите мантили да се зголемат до 40 отсто. Да се каже дека дојде време да се легализира митото е потег кој е дрскост и ништо друго, додаде Рама. На свеченоста на која беше поставени темели на нов анекс на клиниката, министерката за здравство Огерта Манастрлиу рече дека оваа инвестиција ќе го зголеми болничкиот капацитет. вт/ми/

Остани поврзан