Рамафоса доби судски случај со кој се запре процесот на негов импичмент
- Британските медиуми пренесуваат дека Високиот суд на Западен Кејп му одобри на Рамафоса „привремена забрана“, што привремено ќе го спречи продолжувањето на парламентарниот процес на импичмент.
Јоханесбург, 24 јули 2026 (МИА) - Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска доби судски случај со кој се запре парламентарниот процес на негов импичмент, поради обвинувања за злоупотреба на однесување поврзани со скандалот „Фармгејт“, односно кражбата на повеќе од половина милион долари од неговиот ранч.
Британските медиуми пренесуваат дека Високиот суд на Западен Кејп му одобри на Рамафоса „привремена забрана“, што привремено ќе го спречи продолжувањето на парламентарниот процес на импичмент.
Рамафоса чека исход од посебна судска постапка со која се оспоруваат наодите на независниот панел дека тој потенцијално треба да биде повикан на одговорност за скандалот, кој вклучуваше кражба на големи количества пари од софа на неговиот ранч во 2020 година.
Рамафоса негираше какво било кривично дело и рече дека 580.000 долари украдени од неговиот ранч се приходи од продажба на биволи.
Политичките аналитичари очекуваат Рамафоса да остане на власт. Рамафоса сè уште ја ужива поддршката од неговата партија Африкански национален конгрес (АНК), која ја предводи коалициската влада и која има доволно пратеници во парламентот за да спречи негово отстранување од функцијата.сд/ми/
Фото: МИА архива