• понеделник, 23 јуни 2025

Ракометарите на Алкалоид пристигнаа во Атина за финалето со АЕК

Ракометарите на Алкалоид пристигнаа во Атина за финалето со АЕК

 

Атина, 17 мај 2025 (МИА) – Ракометарите на скопски Алкалоид пристигнаа во Атина ден пред утрешниот прв натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп против грчки АЕК.

Првиот натпревар е закажан за в недела со почеток во 18 часот во олимписката сала „Сунел арена“, во која според информациите домашниот тим ќе има поддршка од најмалку 5.000 навивачи.

Реванш натпревар од своето историско прво европско финале ракометарите на Алкалоид ќе го одиграат на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Билетите за реваншот ќе бидат пуштени во продажба в понеделник по цена од 200 и 300 денари. ег

ФОТО: РК Алкалоид

Остани поврзан