• петок, 22 ноември 2024

Раководството на штипското комунално претпријатие „Исар“ наредната недела ќе објави план за излегувување од финансиските долгови

Раководството на штипското комунално претпријатие „Исар“ наредната недела ќе објави план за излегувување од финансиските долгови

Штип, 7 јуни 2023 (МИА) - Раководството на ЈП „Исар“-Штип наредната недела ќе излезе со план и активности на краток, среден и долг рок за излегување од тешката финасиска состојба, најави денеска вршителот на должност в.д директор на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков. Забележува дека она што го преземаат не е на база на политика, туку реална сосотојба со која треба да се врати ликвидност на ЈП „Исар“и тоа да биде сервис на граѓаните.

-За неполна недела ние ќе излеземе со точна утврдена финансиска состојба, со динамика на активности преземени на краток, среден и долг рок, сѐ тоа ќе биде транспарентно објавено. Она што ние сакаме да го направиме за ЈП „Исар“ не е политиканство, туку е реална потреба со крајна цел да направиме ефикасно јавно претпријатие кое ќе биде сервис на граѓаните. Врз основа на тие анализи ќе побараме поддршка од сите чинители во политичкото опкружување оти ЈП „Исар“ мора да биде сервис на граѓаните, вели Зајков.

Процесот на замрзнувањето на нови вработувања ќе започне со тоа што на местото на вработените кои ќе заминат во пензија нема да се вработат нови.

-Сите оние вработени во ЈП „Исар“ кои во наредниот период ќе отидат во пензија ќе бидат заменети со работници кои веќе се со работен однос со ЈП „Исар“. Ќе се направи и функционална анализа на веќе постоечките работни позиции од аспект на нивната реална потреба, колку се реални, а колку народски кажано се шеф на шеф. Ќе видиме кои ќе бидат понатамошните активности за тие работни позиции, вели Зајков.

Тој уверува дека промени во услугите кон граѓаните нема да има. Тоа значи дека сите услуги навремено и целосно ќе бидат завршени. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан