• недела, 22 декември 2024

Различни бројки за загинати во израелски напад врз училиште во Кан Јунис

Различни бројки за загинати во израелски напад врз училиште во Кан Јунис

Газа, 9 јули 2024 (МИА) – Најмалку 29 лица загинале во денешниот израелски напад врз училиштето Ал-Авда во Кан Јунис на југот од Појасот Газа, каде биле засолнети раселени Палестинци.

Според Ал Џезира, канцеларијата за медиуми на властите во Газа соопштила дека во нападот загинале најмалку 29 Палестинци, главно жени и деца.

Во соопштението се наведува дека овој напад се случил откако израелската армија нападнала уште шест кампови за раселени лица во централните области на Газа и оти во последните неколку часа загинале најмалку 60 лица, пренесува Ал Џезира.

Малку подоцна Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека тела на 19 убиени Палестинци се донесени во болницата Насер, по израелскиот напад извршен во близина на училиштето Ал-Авда во Абасан во близина на градот Кан Јунис.

Се додава дека во болницата биле донесени и најмалку 53 ранети лица.

Информациите не можат да бидат потврдени од независни извори. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан