• петок, 20 декември 2024

Разговор на Шерман со европските сојузници за кризата околу Украина

Разговор на Шерман со европските сојузници за кризата околу Украина
Вашингтон, 9 февруари 2022 (МИА) - Заменик-државната секретарка на САД Венди Шерман денеска дискутираше со заменик-генералниот секретар на НАТО Мирчеа Јоана, секретарот за европска надворешна акција Стефано Санино, полскиот заменик министер за надворешни работи Марчин Прсидас, како и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит. -Учесниците дискутираа за неиспровоцираното воено распоредување на границата со Украина, продолжениот ангажман на НАТО, ОБСЕ и ЕУ и нашите координирани подготовки за секој случај. Вклучувајќи ги постоечките заложби за дипломатија укажани на 8 февруари во Виена за обновен европски дијалог за безбедност, јави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Сите се сложиле за важноста од продолжителна тесна координација со цел Русија да се убеди да избере дипломатија и да презеде конкретни чекори за деескалација. кб/

Остани поврзан