• петок, 05 јули 2024

Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило

Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило

Радовиш, 12 декември 2023 (МИА) - Радовишките пожарникари добија ново противпожарно возило за прв одговор при шумски пожари, кое е снабдено со специјална опрема.

Возилото модел „FORD Ranger“ на ТППЕ Радовиш го предадоа градоначалникот Ацо Ристов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев, а со него ќе се гаснат пожари во општините Радовиш и Конче, кои се дел од овој плански регион.

Возилото е обезбедено со имплентација на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFidar“, финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА, а имплементиран од ЦРЈИПР во партнерство со Центарот за управување со кризи и Регионот на централна Македонија од Република Грција. рт/мд/

Фото: Општина Радовиш

Остани поврзан