• понеделник, 23 декември 2024

Радев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на Бугарија

Радев му даде рок до понеделник на Главчев за составување нова привремена влада на Бугарија

Софија, 22 август 2024 (МИА) - Претседателот на Бугарија Румен Радев повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во 12 часот, претседателот го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Радев му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“.

- Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето на гласови... Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат. Се надевам дека бев сосема јасен, истакна бугарскиот претседател.

Румен Радев му даде рок на Димитар Главчев до понеделник да му го претстави составот на новата привремена влада.

- Ако бидеме успешни, изборите ќе се одржат на 27 октомври, додаде Радев.

Димитар Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат сите политички сили, освен Делјан Пеевски. Тој само изјави дека ќе ги исполни „очекувањата на јавноста“ за да се намали политичката напнатост.

Вчера, Димитар Главчев разреши петмина заменик-министри од актуелната влада, без да посочи мотиви за тоа.ссм/

фото: БТА

Остани поврзан