• недела, 22 декември 2024

Средба на Николоски, Зеколи Шаќири и Ивановски со новиот евроамбасадор Рокас

Средба на Николоски, Зеколи Шаќири и Ивановски со новиот евроамбасадор Рокас

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, вчера оствариле работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.
 
Како што соопштија денеска од Министерството за транспорт, на средбата министерот Николоски го запознал евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор10.

Николоски истакнал дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.

На средбата министерот ја потенцирал силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека Министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија.

- Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност, нагласил Николоски, се наведува во соопштението. цр/са/
 
Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан