• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конференција за дигитализација на креативните сектори во високото образование

Конференција за дигитализација на креативните сектори во високото образование

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии (УМПАКИ) денеска организира меѓународна конференција „Дигитализација на креативните сектори во високото образование (DIGITCRESHE)“.

На конференцијата ќе има повеќе од 20 странски учесници, како и домешни претставници, експерти, академици, студенти и професионалци за да дискутираат за начините на кои високото образование може да се трансформира за да ги задоволи потребите на креативните сектори.

-Целта на оваа конференција е да ги презентира резултатите од проектот DIGITCRESHE и да поттикне дискусија за трансформацијата на високото образование во согласност со потребите на креативните индустрии. Преку панел-дискусии и презентации на најдобрите практики, учесниците ќе имаат можност да разменат идеи и да воспостават соработки кои ќе придонесат за намалување на јазот меѓу образованието и индустријата, соопшти УМПАКИ. хс/лв/

Фото: УМПАКИ

 


 



Остани поврзан