• сабота, 16 ноември 2024

Рабио уште одолговлекува: Интер, Атлетико, Баерн или ПСЖ?

Рабио уште одолговлекува: Интер, Атлетико, Баерн или ПСЖ?

Торино, 21 август 2024 (МИА) - Адриен Рабио полека влегува во аналите на светскиот фудбал бидејќи по трет пат во кариерата бара клуб додека е слободен агент. Тој го напушти ПСЖ кога му истече договорот, истото го направи и со Јувентус ова лето. Тој е слободен играч од 31 јуни, а на 10 дена до затворањето на преодниот рок се уште нема клуб.

И 31 август не е важен за францускиот репрезентативец бидејќи може да потпише надвор од преодниот рок, но доколку сака да игра во Европа мора да одлучи во следните десет дена. Дополнително, почнаа сите лиги во Европа и тој се уште е на продолжен одмор по УЕФА ЕУРО, а прашање е кога адекватно ќе се подготви за игра.

Познато е дека мајката на Адриен раководи со неговата кариера, а таа се уште собира понуди и не е задоволна. Се очекуваше Французинот да го облече дресот на Манчестер Јунајтед, но таа приказна згасна по УЕФА ЕУРО. Според „Екип“, во моментов има интереси на Интер, Атлетико Мадрид, Баерн и повторно Пари Сен Жермен. Тука е и Ливерпул бидејќи Арне Слот сака уште еден играч од средниот ред. Понудата на Јувентус за останување е на неговата маса веќе три месеци...

Семејството Рабио е на потег, но Адриен стана уникат во светскиот фудбал бидејќи како играч од класа и со реноме по трет пат избира клуб без надомест. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан