• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Путин: Руските вооружени сили целосно ги поразија украинските војници во Курската област

Путин: Руските вооружени сили целосно ги поразија украинските војници во Курската област

Москва, 19 март 2025 (МИА) - Руските вооружени сили целосно ги поразија украинските војници во руската погранична област Курск, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Нашите војници неодамна извршија серија брзи, многу храбри, ефективни операции и конечно нанесоа пораз на група непријателски трупи во регионот Курск“, рече тој на состанокот на проширениот колегиум на јавниот обвинител.

Рускиот лидер им нареди на обвинителите да ги идентификуваат и истражат злосторствата извршени од украинските вооружени сили во областа Курск, пренесува руска новинска агенција.

„Оние кои извршиле злосторства врз цивили мора да бидат казнети. Сите овие криминалци, оние кои издавале криминални наредби, ги исмејувале мирните граѓани, мора да бидат идентификувани и во иднина мора да добијат праведна казна“, рече Путин.

Јавното обвинителство на Руската Федерација ќе се погрижи сите оние кои мачеа и егзекутираа цивили во Курската област да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави јавниот обвинител Игор Краснов. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан