• вторник, 26 ноември 2024

Путин: Парадата по повод  Денот на победата ќе се одржи на 24 јуни

Путин: Парадата по повод  Денот на победата ќе се одржи на 24 јуни
Москва, 26 мај 2020 (МИА) - Парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна ќе се одржи на 24 јуни, изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин. Парадата и одбележувањето на 75 години од победата во Втора светска војна требаше да се одржи на 9 мај, но поради пандемијата со новиот коронавирус, беше одложена церемонијата. - Дадов налог да почнат подготовките за одржување на воената парада во престолнината на Русија и во другите градови, изјави Путин на состанокот со претсатвниците на армијата. ми/

Остани поврзан