Путин: Руската војска и народот не беа на страната на бунтовниците
- На митинг, одржан на плоштадот во комплексот Кремљ, на Путин му се придружи министерот за одбрана Сергеј Шојгу, чие смена побараа платениците од групата на „Вагнер“ за време на нивниот бунт и „маршот на правдата“ кон Москва.
Москва, 27 јуни 2023 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред околу 2.500 припадници на руските безбедносни сили, националната гарда и воените единици изјави дека народот и вооружените сили застанаа заедно против бунтовничките платеници во еднодневниот бунт што заврши во саботата.
На митинг, одржан на плоштадот во комплексот Кремљ, на Путин му се придружи министерот за одбрана Сергеј Шојгу, чие смена побараа платениците од групата на „Вагнер“ за време на нивниот бунт и „маршот на правдата“ кон Москва.
На почетокот Путин повика на едноминутен молк во чест на руските воени пилоти кои загинаа за време на бунтот.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека ги отфрлила обвиненијата против платеничката група „Вагнер“ за вооружениот бунт од викендот.
Руските медиуми објавија дека обвинението е отфрлено бидејќи „учесниците ги прекинале своите дејствија директно насочени кон извршување на кривични дела“.
Кремљ соопшти дека борците кои учествувале во бунтот нема да бидат кривично гонети и ќе им биде дозволено да се вратат во базата според договорот постигнат во саботата со кој се стави крај на кризата.
Повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана, руските медиуми, исто така, соопштија дека „Вагнер“ се подготвува да му предаде тешко оружје на министерството. сд/