• среда, 13 ноември 2024

Путин го увери Ким Џонг Ун дека Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја по поплавите во јули

Путин го увери Ким Џонг Ун дека Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја по поплавите во јули

Москва, 3 август 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска го увери севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун дека ќе го поддржи по поплавите што ја погодија Северна Кореја во јули, соопшти Кремљ.

“Ја споделуваме болката и тагата на пријателскиот народ на Демократска Народна Република Кореја“, наведе Путин во пораката со сочувство до Ким Џонг Ун.

„Секогаш можете да сметате на нашата помош и нашата поддршка“, додаде Путин.

Северна Кореја во јули регистрира рекордни врнежи од дожд, кога на југозападиот од земјата, во градот Каесонг, наврнаа 463 милиметри дожд на метар квадратен за само еден ден. Јужнокорејскиот метеолошки центар наведе деја тоа е највисокото ниво на врнежи забележано во земјата во последните 29 години.

Москва и Пјонгјанг се сојузници од крајот на Корејската војна (1950-1953), но уште повеќе се зближија од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. На крајот на јуни Путин во Пјонгјанг беше пречекан со голема помпа од Ким Џонг Ун, а самитот заврши со потпишување договор за меѓусебна одбрана.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан