• среда, 20 ноември 2024

Путин: Американските војници во Германија и натаму се окупаторски сили

Путин: Американските војници во Германија и натаму се окупаторски сили

Москва, 25 јануари 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американските трупи во Германија се уште се окупаторски сили и во правна смисла и во пракса, пренесува Бета.

- Советските трупи беа стационирани во Австрија, но тие заминаа доброволно. Русија, како правен наследник на Советскиот Сојуз, е гарант на уставниот поредок на Австрија и нејзината неутралност. Многу обични луѓе во Австрија се свесни за тоа и се благодарни на Русија за оваа позиција. Што се однесува до другите европски земји, ситуацијата е комплицирана, рече Путин на денешната средба со студенти.

Путин рече дека Германија е „најголемата земја во Европа и економски гигант“ и додаде дека Советскиот Сојуз го „официјализирал крајот на окупацијата“ на таа земја, за разлика од САД, пренесува ТАСС.

- По Втората светска војна, Германија беше поделена на четири сектори: американски, британски, француски и советски. Советскиот Сојуз го формализираше крајот на тој окупациски статус, но САД не. „Стриктно кажано, формално и правно, на територијата на Германија има американски окупациски сили, и ги има многу, рече Путин.

Тој додаде и дека „самите германски политичари велат дека Германија никогаш не била суверена земја во целосна смисла на зборот по Втората светска војна“.

Путин денеска изјави и дека европските земји „порано или подоцна ќе го вратат својот суверенитет“, но додаде дека тоа може да потрае. ссм/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан