• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пулишиќ пред трансфер во Милан

Пулишиќ пред трансфер во Милан

Милано, 10 јули 2023 (МИА) - Кристијан Пулишиќ е блиску до преселба во Милан.

 

Оваа недела, играчот од средниот ред на Челзи треба да ги помине медицинските прегледи во италијанскиот клуб и да потпише договор до 2027 година, објавија тамошните медиуми.

 

Претходно се дозна дека за 24-годишниот Американец, Милан ќе плати повеќе од 20 милиони евра, вклучувајќи бонуси.

 

Во Премиер лигата 2022/23, Пулишиќ одигра 24 натпревари и постигна еден гол. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан