• недела, 30 јуни 2024

ПСУ „Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување стипендии за средно образование

ПСУ „Јахја Кемал
Скопје, 8 април 2021 (МИА) - ПСУ „Јахја Кемал" објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование. Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 09 мај 2021 година во 11:00 часот (Скопје, Тетово-Боговиње, Струга). На конкурсот можат да се пријават ученици од деветтите одделенија на веб страната на колеџот до 07 мај 2021 година. На тестирањето за стипендија: ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата; тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик; за тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и турскиот јазик, информираат од ПСУ „Јахја Кемал". Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти на износот на школарината (посебно за Скопје, Тетово-Боговиње и Струга), според долунаведеното: 1. место 100%,   4. место 70%,   10-13 место 40%, 2. место 90%   5-6 место 60%  14-19 место 30%, 3. место 80%   7-9 место 50%  15-25 место 20%. фф/ац/

Остани поврзан