• понеделник, 29 април 2024

ПСЖ сака да се засили со Бензема

ПСЖ сака да се засили со Бензема
Мадрид, 22 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Реал, Карим Бензема е во сферата на интересите на ПСЖ, објавија шпанските медиуми. Според „Мундо Депортиво“, францускиот клуб во напаѓачот гледа замена за Единсон Кавани, кој треба да замине на крајот на сезоната. Сепак, парискиот клуб ќе биде тешко да ја постигне својата цел, бидејќи тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета на Французинот за следната сезона. Меѓутоа, доколку шпанскиот клуб навистина сака да ги потпише Роберт Левадонски или Хари Кејн, парите од продажба на Бензема можат да му помогнат во таа намера. Триесет и двегодишниот, Карим Бензема оваа сезона има одиграно 36 натпревари за Реал Мадрид и постигна 19 гола со девет асистенции. зс/

Остани поврзан