• сабота, 15 јуни 2024

ПСЖ официјално потпиша договор со руски голман

ПСЖ официјално потпиша договор со руски голман

Париз, 14 јуни 2024 (МИА) - Францускиот шампион Пари Сен Жермен и официјално потпиша петгодишен договор со рускиот голман Матвеј Сафонов, соопшти фудбалскиот клуб.

Парижаните за трансферот ќе му платат на рускиот ФК Краснодар 15 милиони евра, а сумата може да порасне и до 20 милиони поради различни бонуси.

Трансферот на Русинот се очекуваше долго време, бидејќи на крајот на мај беше на лекарски прегледи.

Се очекува Сафонов да го заземе местото на заминатиот Кејлор Навас и да биде резерва на италијанскиот репрезентативец Џанлуиџи Донарума. дс

Фото: ПСЖ

Остани поврзан